Раководството на СДСМ прочитана приказна, народот не им верува

Што и да направи опозициската СДСМ, народот не и верува. СДСМ безобразно лаже, а народот никако да падне на тие „евтини финти“.

СДСМ најави 5.000 тимови кои ќе го преораат теренот, ќе тропнат на сечија врата, ќе влезат во секој дом. Но, до ден денеска никој тимовите ниту ги видел, ниту пак слушнал дека посетиле некој дом. Колку за потсетување, СДСМ потврди дека тимовите веќе почнале да работат на терен. Чудно, навистина чудно. Пет илјади тимови е маса на луѓе, не е можно никој да не ги види. Сепак, реакцијата на граѓаните беше онаква каква што се очекуваше. СДСМ повторно не може да ги прелаже бидејќи, очигледно е дека се занимаваат само со лажни ветувања, па затоа и на некој начин воопшто не им обрнуваат внимание на нивните „идни“ проекти кои ќе направат одреден бум во секојдневното живеење.

Веќе подолго време сме и во очекување на формирање на експретска Влада. Но, од експертската Влада засега ни трага ни глас. Сведоци сме само на формирани партиски комисии кои излегуваат на прес конференции за да изнесат по некоја критика, најчесто неоснована, или од типот само колку да се каже за да не остане без ич. Не видовме ниеден конструктивен пример, но според однесување на опозицијата очигледно е дека нема ни да видиме.

sdsm-ajvar

Граѓаните коментираат дека СДСМ води политика на празни ветувања кои не се реализираат и дека навистина би биле изненадени доколку навистина се случи да реализираат нешто што ветиле.

Уште една од низата лаги на СДСМ е и жешкиот летно-есенски период проследен со излегување на улици на членството, улична демократија. Во овој дел СДСМ единствено можат да ги сместат само неколкуте партиски студентски протести, бофал афери и скандали, како онаа за пасошите која очигледно имаше за цел да го насмее населението бидејќи друг ефект не ни можеше да постигне. Важно е опозицијата што се труди со својата некреативности и немоќност да ги насмее граѓаните, како што рекле старите смеењето е половина здравје. Битно е да се покаже дека се грижат, ако друго нешто не можат да направат.

Со самите најавени проекти и нивната нереализација, опозцијата ја потврдува онаа шега која излезе за време на претседателската и парламентарната кампања оваа година „На СДСМ/ Заев не може да му се верува“.