среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

СДСМ треба кривично да одговара за трошењето на пари во кампања: Прикрива дека трошеле пари за превоз и печатење на програма

Последниот финансиски извештај кој беше објавен на веб страницата на СДСМ и официјално публикуван на Државниот завод за ревизија покажува дека СДСМ направила нереално прикажување на трошоците и го фалсификувала извештајот.

Последни вести

Постои отворен сомнеж дека СДСМ е партијата која направи фалсификуван финансиски извештај. Последниот финансиски извештај кој беше објавен на веб страницата на СДСМ и официјално публикуван на Државниот завод за ревизија покажува дека СДСМ направила нереално прикажување на трошоците и го фалсификувала извештајот.

Има три големи основи по кои обвинителството е должно да реагира: Прво, СДСМ за превоз и транспорт во двата извештаи кои се однесуваат за кампањата имаат пријавено нула трошоци, иако е евидентно дека имаа за време на кампњата ангажирано и автобуси и комбиња за превоз на членови кои беа присутни на митинзите.

Фокус, Либертас Плус инфо јавуваат за колони автобуси и комбиња на главниот митинг на СДСМ во Скопје при последната изборна кампања. Овие комбиња и автобуси треба да бидат платени, а секако не се од намнеската сметка на СДСМ чиј што извештај беше објавен а каде стои дека има нула трошоци за оваа намена. Плаќањето од основна сметка или со црни пари што е многу веројатно е практично кривично дело.

Второ, во првичниот извештај поднесен за првиод дел од кампањата од 10.11 до 30.11 под ставката 13 услуги за копирање, печатење и издавање се потрошени нула денари. За истата услуга во извештајот за вториот дел од кампањата од 01.12 до 09.12 исто така се потрошени нула денари. Ова значи дека за целата изборна кампања СДСМ не потрошила пари за печатење, копирање и издавање на материјал, нешто што е апсолутно невозможно бидејќи СДСМ излезе со печатена верзија на програма која беше делена, како и флаери, и буклети повеќејазични.
Самиот Заев во јавност излезе како и на терен со флаери од неговата програма за Живот користејќи печатен материјал како пропаганда.

zaev-flaer-640x389-520x316

Сликите и видеата покажуваат дека Заев и СДСМ потрошиле пари за тоа, но ваквите трошоци не се ставени во финансискиот извештај доставен до официјалните институции.

Трето, според извештајот СДСМ за издатоци за реклами пропаганда во што спаѓаат рекламите на партијата по телвизиите, радијата, веб порталите, весници, билбордите, во некои сегменти и принт на флаери потрошиле само 510 842 евра (31 422 960 денари). Но доколку се земат во предвид ценовниците за реклами по секунда на телевизиите, ценовниците за огласи по весниците и за билборди, суми кои беа еднакви за сите политички партии и претходно транспарентно објавени, и доколку тие суми се пресметаат со реалното време и простор кое СДСМ го потрошило за таа намена ќе се дојде до сума дека само за реклами на телевизии и билборди реално потрошиле 815 388 евра, што е за 304 546 евра повеќе од објавената сума во финансискиот извештај на СДСМ.

Со други борови СДСМ реално потрошил 40 осто повеќе од сумата која е објавена во финансискиот извештај. Дотолку повеќе што во оваа сума не се вкалкулирани средствата за рекламирање по весници, радија и веб портали.

Неделните активности на СЈО во однос на охридските случува и повикувањето на 200 луѓе во полициска станица затоа што донирале по 1000 денари впрочем покажува нервоза и нарачка од СДСМ да се прикрие сопствениот сомнеж за криминал.

Најчитани вести