Ракун се искачил на зграда висока сто метри

Ракун стана вистински херој откако успеал да се искачи на врвот од зградата на  швајцарската мултинационална инвестициона банка УБС во Сент Паул во Минесота, пишува Гардијан.

Иако, се подготвени да копаат низ ѓубрето во потрага по вкусен оброк, ракуните не се познати по нивната храброст, па призорот на ова животно качено на фасадата на банката во Сент Паул предизвика огромен интерес на јавноста.

Потенцијално смртоносниот потфат ракунот го почна во вторникот, откако бил отстранет од покривот на блиската зграда. Работниците од одржувањето безбедно го отстраниле, но ракунот не ја напуштил локацијата и само се префрлил на 93 метри високата зграда на УБС, една од највисоките облакодери во Сент Паул.

Локалната радио станица MPR News првпат извести за активностите на ракунот и имаше хаштаг #MPRraccoon за следење на неговото искачување. Другите медиуми брзо се вклучија во следењето на ракун, а луѓето кои биле во тоа време во зградата го следеле неговиот напредок преку социјални мрежи.

Животното во средата взори успеало да се искачи на врвот од зградата, каде бил фатен во „хумана” замка, по што надлежните инспекциски служби го ослободиле ракунот во природа, што е прикачано на социјалните мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.