Рама: Албанците и Србите можат да направат исто како Германците по Втората светска војна

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека се дава можност на Албанците и Србите за доброто на своите држави и целиот регион, да го направат она што Германците го направија за себе по Втората светска војна. Рама тоа го нагласи во заедничкото обраќање со премерот на Србија Александар Вучиќ, објави МИА.

– Тоа што сепак имаме различни ставови за некои работи не значи дека не сме свесни за фактот дека двете држави играат значителна улога во зачувување на мирот, рече Рама.

Тој вели дека верува оти заедно ќе успеат да ги унапредат односите и да спроведуваат  агенда за регион без граници.

– Се надевам дека заедно ќе тргнеме понатаму на патот кон Европската унија, потенцира Рама.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.