Рама: Тирана „нема да крева ѕидови“, но нема ни да ги отвори границите

Засега нема показатели дека по затворањето на балканската бегалска рута, мигрантите од Грција би можеле да се упатат кон Албанија, изјави албанскиот премиер Еди Рама, додавајќи дека и ако се случи тоа, Тирана „нема да крева ѕидови“, но нема ни да ги отвори своите граници.
– Доколку ги отвориме границите товарот ќе биде уште поголем, потенцира Рама во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.
Тој изнесува пофалби за напорите на властите во Македонија и Србија, поради тоа што „обезбедија превоз и храна за стотиците илјади бегалци и мигранти“, кои преку балканската рута патуваа кон земјите од ЕУ.
– Западниот Балкан се покажа поевропски од многу земји членки на ЕУ, кои за време на бегалската криза презентираа страотини призори, вели Рама во интервјуто за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.