Рама: Без Албанци нема Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук упатил критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов за неговите ставови во поглед на законот за употребата на јазиците, пренесува весникот ,,Бота сот“.

– Г. Иванов , албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседател Иванов- напишал Рама.

Албанските медиуми истакнуваат дека Рама при донесувањето на законот, ја изнел оценката дека законот за употребата на албански јазик во Македонија е од историско значење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.