Рама: Да не даде Бог САД да го изберат Трамп за претседател

Албанскиот премиер Еди Рама гостувајќи во емисијата „Зона на дебати“ на телевизијата Клан Косова, изјави дека се надева оти Доналд Трамп нема да биде избран за претседател на САД.

– Да не даде Бог, Америка да го избере Трамп за претседател, изјави Рама.

Како што јави допсиникот на МИА, тој додаде дека „се моли републиканскиот кандидат да не биде избран на оваа функција“.

Според него, доколку Трамп биде избран за претседател ќе бидат влошени дипломатските односи меѓу САД и Албанија.