Рама: Македонија може во НАТО кога целосно ќе се спроведе Рамковниот договор

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека Македонија ќе биде членка на НАТО ако целосно се спроведе Охридскиот рамковен договор.

– Со повеќе упорности и интензитет се трудиме да и го отвориме патот на Македонија кон НАТО. Но, факт е дека потребен е притисок кон двете страни да се реши спорот со името и поважното, владата во Скопје да го почитува Рамковниот договор – изјави Рама во Велс.