Рама не престанува да ги провоцира Србите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, и вчера продолжи да ги провоцира Србите. При посетатта на Прешево тој на присутните им порача дека нема да дозволи асимилација на тамошните Албанци и дека ќе се залага за поддржување в о решавањето на нивните проблеми кои се суштинско прашање на приближување на Србија кон Европската Унија.

Рама пред насобарните жители говорел скоро еден час, а на говорницата на која стоел немало национални обележја ниту на Србија, ниту на Албанија.

Рама бил пречекан од повеќе од илјада граѓани на кои им порачал дека иако Алб анија има потешкотии во соработката со Србија, нема да се откаже од дијалог.