Рама: Никој не сака Голема Албанија, ама не треба да се повикува волкот

Никој не сака „Голема Албанија“, но кога некој постојано, како во познатата приказна вика „волк, волк“, може и да ја повика, изјави премиерот на Албанија, Еди Рама денеска во Виена на презентацијата на книгата “Нова држава- модерен државник Хашим Тачи”.

Според него, време е сите да сфатат дека не постои никаков друг план на Албанците освен тој Албанија и Косово да влезат во Европската унија.

Не знам ниту меѓу најголемите националисти дека некој застапува идеја за Голема Албанија, тоа беше искористено како оправдание за етничко чистење, тврди албанскиот премиер.

Тој изрази задоволство што се гледа позитивен развој во односите меѓу Албанија и Србија.

Ние имаме добри односи со Србија, Косово не толку добри, но тоа е нормално, истакна тој.

Рама, исто така, тврди дека Косово станало безбедно место за Србите.

Кога станува збор за ЕУ, од која бара отворање на преговорите со Албанија, Рама рече дека не се  заканува повеќе од онаа што го прави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Никогаш не сум рекол дека треба Западниот Балкан да се интегрира  во ЕУ бидејќи во спротивно може да дојде до нова војна. Јас сметам дека тоа е малку претерано, но е неопходна европска перспектива за нашиот регион, рече Рама.