Рама побара од Србија да го признае Косово

Албанскиот премиер Еди Рама ја повика Србија да го признае Косово, бидејќи тоа би помогнало за стабилизација на Балканот.

Рама на Фејсбук напиша дека признавањето на независноста на Косово е „јасно решение за излез од тунелот кон светлината на излезот од него“.

Коментарот на Рама уследи по вчерашната статија на српскиот претседател Александар Вучиќ, во која апелира за трајно решение за Косово.

Албанскиот премиер исто така апелира Косово и Србија да ги продолжат преговорите кои се водат со посредство на Европска унија.

– Има долг пат до излезот од тунелот на тажната историја на крвавата жестокост, што ја покажува балканската историја, напиша Рама, додавајќи оти „во последните години преземени се чекори, кои ниту најголемите оптимисти не ги очекуваа“.

Рама по стапувањето на должност пред четири години иницира билатерален дијалог со Србија. Односите меѓу двете земји се тензични поради спорот за Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година. Косово е признаено како назависна држава од 114 држави, меѓу кои и САД и поголемиот број земји-членки на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.