Рама посипан со брашно во албанското Собрание (ВИДЕО)

Тензинчна атмосфера во Собранието на Албанија поради апсењата на лицата кои протестираа против патарините на автопатот меѓу Косово и Албанија.

Албанската опозиција на чело со Лулзим Баша со остри реакции внатре во Собранието, пратениците на Демократската партија на Албанија дури го погоди премиерот Еди Рама со брашно.

Медиумите јавуваат дека кон Рама биле фрлени тврди предмети како шишиња со вода и јајца, а  неколку пратеници од опозицијата, се исфрлени надвор од обезбедувањето на Рама.