Балкан

Рама: Признајте дека Косово не е ваше

Рама: Признајте дека Косово не е ваше

Колку побрзо Србија официјално признае дека Косово никогаш повеќе нема да биде нејзин дел, толку подобро ќе биде и за неа и за регионот, изјави вчера албанскиот премиер Еди Рама, додавајќи дека силно чувствува и верува дека тие тоа го направиле, но се уште не го кажале.

Според него, Албанија и Србија мора да се обидат да го решат повеќедецениското непријателство, фокусирајќи се на важни прашања, како што е на пример заедничката желба за членство во ЕУ, а не на минатонеделните несогласувања поради фудбалскиот натпревар.

Тој истакна дека со меѓународната политика „не треба да управуваат фудбалските натпревари“.

Рама вчера требаше да допатува во посета на Белград, меѓутоа таа е одложена за 10 ноември по инцидентот на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија на стадионот на Партизан, кога долета дрон со знаме на „Голема Албанија“.

Албанскиот премиер додаде дека двете земји не можат никаде да одат одвоено.

– Ние заедно можеме да направиме ЕУ да сфати дека Балканот е за неа важен исто колку што и Унијата е значајна за Балканот, нагласи Рама.