Рама се закани со вето за Македонија, ако не се исполнел Рамковениот договор

На вториот ден од регионалниот самит за борба против тероризмот, кој се оддржува во Тирана, а на кој присуствуваа министрите за внатрешни работи на регионот, премиерот на Албанија Еди Рама истакна дека нема намера да го прифати пристапувањето на Македонија во НАТО, ако Охридскиот договор не се исполни целосно.

– За жал, во Куманово, зборовите тероризам и Албанец беа сплотени во обид оваа етничка група да се нарече терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од употребата на поимот тероризам заради решавање на македонските настани. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го преживеаја невините жители на Куманов. Се што ние сакаме е стабилна Македонија, Македонија во НАТО, но не безусловно, или поради воени судири. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор – вели Рама.