Рама: Србија повеќе не е непријател на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама порача на состанокот со амбасадорите во Тирана дека Албанија „безрезервно“ ќе ја поддржува Србија за време на претседавањето со ОБСЕ во 2015 година, и нагласи дека Србија повеќе не е непријател на Албанија, јави Танјуг, пренесе МИА.

– Србија во 2015 година ќе стане прва земја од регионот која го презема претседавањето со ОБСЕ. Албанија безрезервно ќе ја поддржува Србија во оваа многу важна задача за нашиот регион, рече Рама.

Тој истакна дека Албанија се надева оти ќе види голем напредок кај соседите и оти тој напредок ќе биде забележан преку очигледно зголемување на стандардите на слободите и правата на Албанците во Прешевската долина.

– Ова ново време на Балканот конечно донесе мир меѓу Албанците каде и да живеат, а што прави неопходно нашата земја не само да држи чекор со европските предизвици во регионот, туку и да го продолжи патот на мирот и дијалогот со Србија, истакна албанскиот премиер.