Спорт

Рама: УЕФА не е праведна

Рама: УЕФА не е праведна

Одлуката на УЕФА за казните поради прекинот на мечот на фудбалските репрезентации на Србија и Албанија е неправедна, оцени денеска Еди Рама, премиер на Албанија.

„Фудбалскиот сојуз на Албанија ќе направи добро ако отвори судска постапка и истата ја донесе до крајот. Денеска не видовме поравда за она што се случи во Белград. Напред Албанија!“, напиша на Твитер Рама.

УЕФА денеска изрече казна за случувањата на натпреварот Србија-Албанија, кој се одигра на 14 октомври. Натпреварот е регистриран со краен резултат од 3:0 за Србија, но на домаќинот му се осземени 3 бода за лоша организација на мечот. Србија, исто така, ќе треба да игра два натпревари без публика, а двата сојуза се казнети и парично, со по 100.000 евра.

Натпреварот беше прекинат во 42 минута, поради тоа што над стадионот се појави дрон на кој се вееше знамето на „Голема Албанија“.

Тогаш дојде до кон фликт меѓу играчите од двете екипи, а и на теренот се симнаа одреден број на навивачи кои ги нападнаа гостинските фудбалери. По нападот, албанските фудбалери го напуштија теренот и одбија да го доиграат натпреварот.

Одредени медиуми објавија дека дронот бил управуван од ложата, односно од страна на братот на Еди Рама, кој е американски државјанин. Полицијата, засега, не ги соопшува официјалните резултати од истрагата.