Рамчиловиќ до СДСМ: Тоа што некој носи марама не го прави заостанат

СДСМ оди од крајност во крајност! Наместо да го реализираат ветеното, да ја зголемат просечната плата на 30.000, платата на докторите на 100.000, да го продолжат породилното и многу суштински работи, тие, СДСМ продолжжуваат со навреди врз муслиманите, пишува на својот ФБ профил пратеникот Зекир Рамчиловиќ.

Натаму вели „јас уште во предизборната кампања јасно кажав зошто сум во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и зошто на Бошњаците и на муслиманите им се поблиски десните опции кои се потпираат на традиционалните вредности“.

Интересот е јасен за СДСМ: позиција и власт по секоја цена без разлика на идеологијата каков што е случајот со актуелниот потпретседател на СДСМ!!! Да, за него е јасно дека се работи за личен интерес, но видете го ставот на неговите сопартијци.

Мегафонот на СДСМ, Ивор Мицковски прати јасна и вулгарна порака до сите муслимани: “… Ало бе мајсторе, држиш забулена жена… имаш спрориставени ставови со тоа што значи прогрес и менување на едно заостанато општество…”

Најтрагично е што неговиот став на фејсбук е подржан од подржувачи на СДСМ.

Ова е отворена навреда, и јас како Бошњак и муслиман во свое име, но и во името на моите комшии и пријатели, граѓани на оваа наша Македонија најостро ја осудувам оваа изјава!!!

Тоа што некој носи марама (шамија) не го прави заостанат!!! Засрамете се!!!“, завршува во својот ФБ статус Рамчиловиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.