Рами си кажа дека сака да остане во Милано

Централниот дефанзивец на италијанскиот калчо гигант Милан, Адил Рами, кој е во сопственост на шпанскиот прволигаш Валенсија, а на “Сан Сиро” настапува како позајмен фудбалер откри дека не сака да се врати на “Местаља” на крајот од актуелната сезона.

„Јас имам само еден приоритет, сакам да останам во Милано, сакам и во новата сезона да го носам дресот на Милан. Не знам дали италијанскиот клуб ја има потребната парична сума за да го откупи мојот договор. Знам дека двата клуба се седнати на преговарачката маса и дека целата ситуација ќе биде решена најкасно до 19 мај. Јас си кажав што сакам, кажав дека сакам да останам во Милано. Тука ми е убаво, ја имам подршката од мојата фамилија и од моите соиграчи. Исто така знам дека и тренерот, Кларенс Сидорф е задоволен од мојата игра”, изјави репрезентативецот на Франција.

Централниот дефанзивец ќе остане на “Сан Сиро” доколку челниците на Милан го исплатат побараното обештетување од 7 мил. евра.