Рамиреш ќе се лади четири натпревари

Фудбалската федерација на Англија го казни бразилскиот интернационалец од Челзи, Рамиреш, со четири натпревари неиграње поради тешкиот инцидент кој се случи во финишот од првото полувреме на натпреварот против екипата на Сандерленд.

Иако случката не беше забележана од главниот арбитар, видео-снимката јасно покажа дека Рамиреш намерно без топка го удира фудбалерот на Сандерленд, Себастијан Ларсон.

Фудбалската федерација на Англија покрена дисциплинска постапка против менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо и против неговиот асистент Руи Фарија.

Контроверзниот менаџер е обивинет поради невкусните коментари кои ги упати кон главниот судија и кон судиската организација, а неговиот помошник е обвинет поради заканите и обидот физички да се пресмета со арбитрите по досудениот пенал за гостинската екипа.