Рамос ги пофали дефанзивците на Реал Мадрид

Централниот дефанзивец на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Серхио Рамос е пресреќен што неговиот тим има забележано триумф без примен погодок, но додаде дека таквата победа не гарантира сигурен настап во финалниот натпревар кој ќе биде одигран во Лисабон.

„Напорно работевме, во одбраната се соочивме со огромен притисок, но одговоривме на сите предизвици. Победа од 1-0 е фантастичен резултат што ни дава големи шанси за пласман во финалето, иако ни е јасно дека пред нас е нов пеколен предизвик на реваншот во Минхен. Задоволен сум од играта што ја прикажа целиот тим, оставивме Баерн да игра. Тоа не беше случајно, знаевме што сакаме, противникот потоа остави простор на својата половина што ние знаевме како да го искористиме“, изјави репрезентативецот на Шпанија.