Рамос сака да се пензионира на Сантијаго Бернабеу

Најзаслужниот за јубилејниот 10. трофеј во најпрестижното клупско натпреварување, централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос, откри дека сака својата богата фудбалска кариера да ја заврши на “Сантијаго Бернабеу”.

“Ја имам таа чест да бидам дел, да играм за најдобриот тим во целиот свет. Се надевам дека уште многу сезони ќе го носам дресот на Реал Мадрид, дека на “Сантијаго Бернабеу” ќе ја завршам мојата професионална кариера. Сакам да се пенизонирам како фудбалер на Реал Мадрид. Кога потпишав за Реал Мадрид, веднаш ја почуствував љубовта, пасијата на најверните фанови. Со триумфот во финалниот натпревар од Лигата на шампиони, јас го исполнив најголемиот сон”, изјави репрезентативецот на Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.