Рамос убеден дека е наследник на Левандовски

Колумбискиот интернационалец од редовите на Херта од Берлин, Адриан Рамос, кој на стартот од летниот преоден рок и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на Борусија Дортмунд е убеден дека може достојно да го замени полскиот интернационалец Роберт Левандовски.

За да ги осигураат услугите на 28-годишниот напаѓач, челниците на Борусија Дортмунд мораа да го прифатат побараното обештетување од 9 мил. евра, а Колумбиецот пред неколку дена го потпишал понудениот четиригодишен договор.

„Многу сум горд на овој трансфер. Нема таков фудбалер кој не би сакал да игра за Борусија Дортмунд. Мислам дека го направив најважниот чекор во мојата фудбалска кариера. Знам дека Роберт има постигнато многу погодоци во дресот на  Борусија и знам дека ќе има секакви споредби, но јас сум убеден дека сум подготвен за овој голем предизвик, дека можам да ги исполнам зацртаните цел и очекувања кои ги имаат клупските челници”, изјави Рамос.

Напаѓачот на Херта од Берлин има постигнато 16 погодоци на 29 натпревари кои ги има одиграно во германската Бундес лига.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.