Рамос вежба на антигравитациона лента

Серхио Рамос употребува антигравитациона лента за побрзо опоравување од повредата

Фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос полека се опоравува од повредата која ја здоби на дуелот против минхенски Баерн.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, дефанзивецот на Реал вежба на антигравитациона лента, која е дизајнирана од НАСА за астронаути.

Таа служи за опоравување на астронаутите по враќањето на Земјата. Поради недостаток на гравитација во вселената, нивните мускули атрофираат, па токму поради оваа причина НАСА ја измисли оваа лента, која ја намалува тежината за 20 %, со што се намалува притисокот на колената и зглобовите.

Покрај Рамос, пред две години антигравитационата лента ја користел и Кристијано Роналдо, а редовно ја користат и одредени НБА клубови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.