Балкан

Рамусен: Иднината на Црна Гора е во НАТО

Рамусен: Иднината на Црна Гора е во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Рамусен изјави по средбата со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во Брисел, дека Алијансата гледа иднината на земјата во евроатлантското семејство и дека е донесена одлука да се помогне на Црна Гора да се постигне тоа.

Според зборовите на Расмусен однесувањето на Русија нема да влијае на проширувањето на НАТО.

„Црна Гора е важен партнер за НАТО и силен кандидат за членство”, изјави Расмусен.