Ранет азербејџански новинар а убиена неговата сопруга на југот на Франција

Вооружен напаѓач тешко ранил азербејџански новинар во егзил и ја убил неговата сопруга во близина на јужниот француски град Тулуз во петокот, во инцидент за кој локалниот градоначалник вели дека најверојатно е политички мотивиран.

Рахим Намазов беше отворен критичар на азербејџанското политичко водство и од лежа затворска казна пред да побара азил во Франција во 2010 година.

Во видео снимката којашто во декември минатата година беше поставена на YouTube, Намазов вели дека бил затворен по објавувањето текстови за свирепоста на којашто биле подложени војниците во единиците на азербејџанската армија. Додаде дека минал шест месеци во самица.

„Новинарската професија, татко на семејтвото и слободата не медиумите – се нападнати денеска“, изјави Карин Мишлет-Травал, градоначалничка на Коломиер каде што е изведен нападот.

Во одвоена изјава за локалниот весник La Depeche, пак, вели. „Не можете ниту да помислите дека станува збор за одмазда“.

Во вооружениот напад е убиена сопругата на Намазов. Полициски извор рекол дека е застрелана во главата од близина.

Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во својот годишен извештај наведе дека минатата 2017 година владата на Азербејџан продолжила да ги задушува гласовите на отпорот и дека и натаму има извештаи за тортура. Независните медиуми режимот ги гасне, известува организацијаа, а на критички настроените новинари им се заканува и се заплашуваат за да се замолчат.