Ранет дедо од Кичево

По претходна расправија и тепачка, вчера околу 12:40 часот во Кичево на ул. „Маршал Тито” А.А.(55) од кичевското село Г. Строгомиште со пиштол кој го поседувал со дозвола пукал кон С.И.(70) од Кичево.

При тоа му нанел прострелна рана во пределот на левата натколеница.

По настанот С.И. е пренесен во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош е пренесен во Медицински центар Битола.

А.А. е приведен, се работи на целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поденсен соодветен поденсок.