Ранет лидерот на Исламска држава

Ранет лидерот на Исламска држава
Ранет лидерот на Исламска држава

При вчерашниот воздушен напад на ирачките борбени авиони против конвој на терористичката организација „Исламска држава” во западната провинција Анбар Ен ранет е лидерот Абу Бакр ал Багдади, тврди државната иранска новинска агенција ИРНА.

Во бомбардирањето убиени се тројца негови заменици – Аш Шишани, одговорен за пропагандата, Ал Сури и Абу Саид ал Карбули, се вели во соопштението на иранската агенција.

Прецизниот воздушен напад бил извршен по добивањето разузнавачки информации дека конвојот предводен од Ал Багдади патува за средба во градот Карабах со команданти на ИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.