Свет

Ранет севернокорејски војни пребега во Јужна Кореја

Ранет севернокорејски војни пребега во Јужна Кореја

Севернокорејски војник пребегна во Јужна Кореја откако го погодиле и раниле севернокорејските граничари, објави во понеделникот официјален Сеул.

Војникот на Северна Кореја бил пронајден на јужната страна од пограничното село Панмунјом, околу 50 километри јужно од воената демаркациона линија, ранет во рамето и лактот, изјавил фунцкионер на јужнокорејското министерство за одбрана. Според него, пребегнал од блиската касарна на севернокорејската гарда и закрепнува во болница.

„Пребегот со хеликоптер на командата на Обединетите нации итно е префрлен во болница и немаше размена на оган од наша страна. Имајќи предвид дека подрачјето е изложено на северната страна, моравме да ползиме за да го извлечеме“, рекол за Reuters неименуваниот јужнокорејски функционер на министерството за одбрана.

Северна Кореја засега не ги коментираше овие информации.

Секоја година во просек околку илјада граѓани на Северна Кореја пребегнуваат во Јужна Кореја. Повеќето од нив патуваат преку Кина и не е вообичаено Севернокорејците да ја минуваат границата меѓу двете Кореи.

Овој пребег на војник се случува во екот на зголемените тензии меѓу Северна Кореја и САД, кои имаат стационирано постојано околу 50.000 војници во Јужна Кореја.