Ранетиот градоначалник на Харков, пренесен на лекување во Израел

Градоначалникот на украинскиот град Харков, Генадиј Кернес, кој вчера беше тешко ранет, утринава е однесен на лекување во Израел, соопшти градската управа на Харков.

Израелските лекари препорачале Кернес да биде пренесен во Израел, по што тој рано утринава бил префрлен со авион.

Кернес вчера беше погоден со куршуми од огнено оружје додека возел велосипед и беше префрлен во локалната болница онесвестен. Неговата состојба се оценува како тешка, но стабилна.

Кернес е познат по своите проруски ставови, а инцидентот е оквалификуван како дел од  насилните напади на истокот во Украина.