Ранетите полицајци се во стабилна состојба

Повредените полицајци кои се хоспитализирани на Клиничкиот центар и скопските болници „8 Септември“ и „Наум Охридски“ се во стабилна состојба. Неколкумина од нив се во потешка здравствена состојба, но вон животна опасност.

„На Хируршките клиники во Скопје, во моментов, се згрижени 20 пациенти и сите се во стабилна здравствена состојба. Во ГОБ 8 Септември се згрижени 9 припадници на безбедносните сили на РМ, сите се во добра здравствена состојба и се очекува во тек на денот, најмалку двајца пациенти да бидат пуштени на домашно лекување“, известија од Министерството за здравство.

Според официјалните информации, 37 припадници на безбедносните сили беа  ранети во полициската акција во Куманово.

Во саботата и во неделата, на Клиничкиот центар во Скопје беа целосно мобилизирани лекари и друг медицински персонал за што подобро да одговорат на потребата од итно укажување помош на повредените лица.