вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 49

Рангелова: Да не поткекнуваме на провокациите и да им порачаме на СДСМ дека не се плашиме!

Знаете зошто? Затоа што ја имаме довербата на граѓаните и нас не ни треба ниту меѓународни организации, ниту специјални јавни обвинителства ,ние на 11 декември ќе ја добиеме поддршката на граѓаните и тогаш ќе направиме и многу повеќе проекти за граѓаните на Република Македонија, изјави Рангелова.

daniela-640x393

Последни вести

Ние постојано се гледаме со жените и не сме како жените во СДСМ кои бараат членство во партијата два часа пред изборите, ние постојано сме со граѓаните и со членовите воопшто, порача Даниела Рангелова претседателката на унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сакам да порачам да си останеме сплотени такви какви што сме, да си ја сакаме државата и да ни е пример претседателот Никола Груевски кој што ги става најнапред интересите на државата, а после на партијата и сопствените интереси. Да не поткекнуваме на провокациите и да им порачаме на СДСМ дека воопшто не се плашиме знаете зошто? Затоа што ја имаме довербата на граѓаните и нас не ни треба ниту меѓународни организации, ниту специјални  јавни обвинителства ,ние на 11 декември ќе ја добиеме поддршката на граѓаните и тогаш ќе направиме и многу повеќе проекти за граѓаните на Република Македонија, изјави Рангелова.

Најчитани вести