Рангелова: Дали молчењето за Тиранската платформа значи и нејзино одобрување

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на денешната собраниска седница ги праша колегите од СДСМ дали со молчењето ја одобруваат Тиранската платформа која е верификувана во туѓа држава.

 

„Ги нема пратениците од СДСМ во Собраниската сала да ни одговорат дали се согласуваат со овој документ кој што е верификуван во туѓа држава. Сега засега никој не се оградува, не знам дали молчењето значи дека се согласуваат, но, исто така, сакам да ве потсетам, вие рековте дека граѓаните коишто гласале за СДСМ, или не знам за шарената револуција, не се согласуваат со оваа Тиранска платформа“, истакна Рангелова.

 

Додаде дека токму оние граѓани кои гласале за СДСМ и им дали право на пратениците на СДСМ да одлучуваат во нивно име треба да ги повикаат и прашаат дали има платформа или нема.