Рангелова до Шекеринска: Место да бегате од темата, одговорете за аферите

Радмила Шекеринска својот одговор за тврдењата дека нејзината братучетка преку Секретаријата за европски прашања заработила над 820 илјади денари одговори на социјални мрежи. Даниела Рангелова од ВМРО ДПМНЕ која на прес конфернеција го обелодени скандалот исто така и врати повикувајќи ја потпретседателката на СДСМ наместо да бега од темата со иронични одговори, да даде одговори за аферите поврзани со нејзиното работење.

„Не се сомневаме во можностите, особено финансиските, на госпоѓа Шекеринска и нејзиното потесно и пошироко семејство, во остварувањето на нејзината желба таа и нејзиното семејство да се иселат од државата. Веројатно тоа би била локација во некој од европските центри и во стан од неколку стотина квадрати по примерот од Скопје, кој доследно потоа ќе го даде под кирија по веројатно повисока цена од таа која ја добива сега. Место да бегате од темата и со лошо одбрана иронија да се обидувате да избегате од темата, одговорете за аферите кои се провлекуаат зад Вашата работа“, напиша Рангелоца на „Фејсбук“.

Претходно на Твитер, Шекеринска напиша

„Се молат сите мои роднини до 100-то колено да си заминат од Македонија заедно со мене…Дури тогаш ќе и тргнело владата!“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.