Рангелова: Фирмата на Драган Митовски склучила четири договори со Општина Куманово

Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово му дал јавни набавки на пратеникот во два мандати од СДСМ од Куманово, Драган Митовски.

„Фирмата Алми – Петрол Дооел Куманово чиј сопственик е Драган Митовски, во два мандата поранешен пратеник во Собранието на Р.Македонија од редовите на СДСМ, склучила четири договори за јавни набавки со Општина Куманово. Вредноста на овие 4 договори изнесува фантастични 50.056.038 денари. Зоран Дамјановски во период од само 7 месеци ги склучил овие договори, со што ја ангажирал фирмата на Драган Митовски за изградба на дел од регулација на речното корито на реката Кумановка. Поточно, Дамјановски на фирмата Алми – Петрол Дооел Куманово за само 7 месеци и обезбедил приход од над 50 милиони денари.Очигледно и Зоран Дамјановски долго време го спроведувал моделот на раководење на Зоран Заев во Општина Куманово,“ вели Рангелова.

Таа го повикува Дамјановски, наместо да ја префрла одговорноста на други лица, конечно да објасни како се испумпувале парите од кумановчани кон фирми чиј сопственици се поранешни пратеници и функционери на СДСМ.