Рангелова: Ќе се изградат 100 нови градинки

Проектот за 100 нови градинки беше предвиден во „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните на предвремените парламентарни избори покажаа дека имаат доверба во програмата, смета претседателката на Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

-Факт е дека граѓаните дадоа доверба на програмата „Реално“, односно 455.000 граѓани веќе се изјаснија и гласаа за Коалицијата за подобра Македонија и програмата Реално“, изјави Рангелова.

Додаде дека Владата во изминатиот период се залагаше за отворање на нови градинки.

-Во моментот се сместени околу 36.000 деца, но 5.5000 родители чекаат да ги сместат децата во градинките, од каде се појави реална потреба за отворање на нови градинки, посочи Рангелова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.