петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 72

Рангелова: Македонската жена ужива многу права, државата ѝ нуди многу опции

Нема да запреме со нашите активности се додека не најдеме постојано решение за надминување на сите проблеми кои не засегаат, истакна претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на годишната конференција.

rangelova1

Поврзани вести

Политичките процеси не смеат да останат осиромашени од присуството на женскиот начин на согледување и решавање на секаков вид проблеми, коишто во основа, подеднакво ги допираат и мажите и жените, но и најважно, нашата иднина, младите во Р. М. Нема да запреме со нашите активности се додека не најдеме постојано решение за надминување на сите проблеми кои не засегаат, истакна претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на годишната конференција.

Веќе од овие избори жените во законодавниот дом ќе учествуват со 40% од вкупниот број на пратеници, а на наредните локални избори и со 40 % од вкупниот број на советнички места и секако, повеќе градоначалнички. За среќа, ние денеска не дискутираме за родова еднаквост – ние денеска ја уживаме таа родова еднаквост, рече Рангелова.

Таа посочи дека денеска имаме многу успешни жени во Р. Македонија во сите професии.

-Нашата поддршка на проектот на Владата на Република Македонија. Повеќедетно семејство е една од најсилно изразените, преку бројни трибини, кампањи и посети на повеќедетните семејства. Околу 17 илјади жени ја користат бенефицијата од кампањата за трето дете, а во полн ек се спроведува и мерката за ин витро оплодување. Грижата и заштитата на мајката и детето се нашиот приоритет и залагање да го добијат вистинското внимание и посветеност од сите аспекти, Со гордост можам да кажам дека бремените жени денес не смеат да бидат дискриминирани. Со последните законски измени кои го донесе владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, нивното работно место е загарантирано, истакна Рангелова.

Додаде дека денес македонската жена ужива многу права и државата ѝ нуди многу опции како истите да ги реализира и остварува. Нејзината успешност за остварување на правата не може да се оценува исклучиво според еден критериум, туку според повеќе.

Најчитани вести