недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Рангелова: Намалениот обем на работа за Јанева се должи на непредавањето на сите снимки од Зоран Заев

Денеска ние имаме доделување на финансиски средства на Специјалното јавно обвинителство. Знаеме дека во нашата држава секоја институција има свои права и обврски, нормално е да кажеме пред јавноста колку вкупно финансиски средства ќе бидат доделени на СЈО, на кој начин ќе ги троши и дека ќе треба да даде отчет пред граѓаните на Република Македонија, посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на денешната седница на која се расправа за доделување на средства за Специјалното јавно обвинителство.

rangelova-sjo

Поврзани вести

Денеска ние имаме доделување на финансиски средства на Специјалното јавно обвинителство. Знаеме дека во нашата држава секоја институција има свои права и обврски, нормално е да кажеме пред јавноста колку вкупно финансиски средства ќе бидат доделени на СЈО, на кој начин ќе ги троши и дека ќе треба да даде отчет пред граѓаните на Република Македонија, посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на денешната седница на која се расправаше за доделување на средства за Специјалното јавно обвинителство.

Рангелова изрази сомнеж за висината на доделените средства од 4 милиони долари, ако се земе во предвид дека само Мисистерството за правда за една година троши 5,9 милони евра.

Дали е мегаломанство што на СЈО ќе му бидат доделени неверојатни 4 милиони евра ние нема да судиме тука, со оглед на тоа што целото Министерство за правда троши околу 5,9 милиони евра, а Обвинителството за организиран криминал за една година троши само пола милион евра. Нема да кажеме дали е многу месечно што ќе се трошат 211 000 евра за плати, без придонеси, и дали е многу или малку што има околу 124 вработени кои што кога би израчувале би земале во просек околу 1700 евра плати кои како што слушнавме од пратениците од СДСМ тоа биле плати во рамки на просекот, рече Рангелова.

Исто така Даниела Рангелова покажа загриженост околу бројот на обвинители откако покрај барањето од Катица Јанева да има 14 обвинители во тимот, таа сега отпушта обвинители со образложение дека немало доволно обем на работа. Рангелова запраша дали намалениот обем на работа се должи на не предавањето на сите 600 000 прислушкувани разговори од страна на Зоран Заев и СДСМ.

Она што мене ме загрижува од пратениците на СДСМ е тоа што вие имате селективен пристап спрема СЈО. Ниту ние имаме интенција да правиме некакви политички мотиви или притисици врз СЈО, напротив ние едногласно ја поддржавме одлуката за формирање на ова обвинителстно, но едно мене ме засега, ако почитуваната Катица Јанева тврдеше дека е осакатена со намалувањето на бројот на јавни обвинители кое што нејзиното првично барање беше 14 обвинители и кажуваше дека поради големиот обем на работа не може нормално да функционира, сега откако почна да функционира со 12 јавни обвинители почитуваната кажува дека двајца од јавните обвинители ќе ја напуштат работата заради тоа што немало толкав обем на работа. Тука, кај мене како пратеник се јавува дилема, зошто нема обем на работа? Дали Зоран Заев не ги достави сите снимки па затоа се намали обемот на работа во СЈО? Што имаше во тие шест фамозни кутии? Како Катица Јанева, бидејќи вие тврдите дека ќе биле сега готови кривични пријави, како госпоѓата Катица Јанева во толку краток период успеа да преслуша 600 илјади прислушкувани разговори, запраша Даниела Рангелова.

Во продолжение пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова побара од Катица Јанева да отворат свој веб сајт на кои што транспарентно и на очиглед на јавноста ќе се гледа за што и како се трошат овие доделени средства на СЈО.

Најчитани вести