Рангелова: Немаме намера да го отежнуваме работењето на Општината

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера, на седница на Советот на Општина Центар, гласаше за усвојување на Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Центар, Скопје за 2014 година. Со гласот на 12 советници, се даде поддршка на можноста Општина Центар да располага со градежното земјиште на својата територија.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, како и многу пати до сега, покажа дека примарен интерес за нас се граѓаните на Општината и нивниот интерес.ВМРО-ДПМНЕ и до сега даваше поддршка на многу одлуки во Советот на Општина Центар. Буџетот на општина за оваа година, сите останати програми, како и оваа Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на нашата општина, се одлуки кои се донесоа со сесрдна поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ,“ изјави Даниела Рангелова претседателка на унија на жени на ВМРО ДПМНЕ

Според Рангелова,со овој гест се покажало дека ниту имале намера, ниту пак имаат намера да го отежнуваат работењето на општината. Напротив, помагаат во континуитет.

„Сега на потег е градоначалникот Андреј Жерновски. Тој ни досега, но ни од сега повеќе нема основа да се жали и да плаче дека некој му го попречува работењето. Ние му ги поддржуваме сите значајни одлуки кој тој ги предлага. Од него очекуваме работа, проекти и резултати за граѓаните на Општина Центар.Господине Жерновски, дојде време навистина да престанете со важите обиди да креирате постојани и континуирани конфликти. Дојде време да престанете да се занимавате со висока и со надворешна политика. Дојде време во кое Вие мора да почнете, па макар и после една година од кога сте избран, со реализација на вашата програма. Престанете да монтирате проблеми за да си ја покриете својата неработливост и неспособност,“ вели Рангелова и прашува Каде е гасификацијата на училиштето Димитар Миладинов, за која тврдевте дека ќе биде готова до почетокот на грејната сезона? А не е. До каде е изградбата на градинката која што ја ветувавте? Абер нема.