Рангелова потсети на милионските тендери на Заев

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова потсети на милионските тендери на Заев. Таа нагласи дека очигледно на СДСМ им смета транспатентно работење и еднаков третман за сите, поради тоа што тие во своето време на владеење ги доделувале тендерите во четири очи, по принципот едно евро ваму, едно евро таму.

Таа на денешното прво продолжение на 67-та собраниска седница, во дискусија по точката од дневниот ред за измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки уште еднаш ги потсети пратениците од СДСМ за милионските тендери кои што претседателот на СДСМ Зоран Заев во Општина Струмица ги доделувал на членови од своето најтесно семејство и своите најблиски соработници.

-Се чудам од каде на Вас образ да зборувате за јавните набавки. И уште се дрзнавте да кажете дека сите општини немале еднаков третман. Секако дека немале. Зборувате за фамилии. Ви го покажувам фамилијарниот систем за доделување на јавни набавки на Зоран Заев. За оваа фамилија зборувавте? Да ве постетам на фирмите на Вице Заев, на фирмите на Горан Крстев, на Славица Заева, на фирмата Зови-промет сопственост на таткото на Зоран Заев, на Трајче Заев, на Убавка Заева?, потсети пратеничката Рангелова.

На крајот, пратеничката Рангелова потенцираше дека пратениците од СДСМ покажуваат голем степен на лицемерие, бидејќи очигледно им смета транспатентно работење и еднаков третман за сите, поради тоа што СДСМ, рече пратеничката, во своето време на владеење ги доделувале тендерите во четири очи, по принципот едно евра ваму, едно евро таму.