понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 29

Рангелова до СДСМ: Вие се залагате за анархија, а не за демократија

rangelova-sjo

Поврзани вести

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на денешната собраниска седница, им порача на пратениците на СДСМ дека од изминатиот период може да се заклучи дека нив ги интересира само анархично однесување.

-Вие не се залагате господине Сугаревски за демократија, вие се залагате за анархија. Вие ако изминатот период ја губевте енергијата како да ги придобиете граѓаните, немаше денес да се плашите да се соочите со истите. Ние немаме страв од граѓаните, рече таа.

Ако сметате дека не бил прочистен избирачкиот список, додаде Рангелова, зошто вашиот член од СДСМ во Државната изборна комисија не излезе барем со еден гласач, да го каже со име и презиме дека два пати го остварил избирачкото право, барем еден. -Зборувате дека имало криминални избори и непрочистен избирачки список, ве замолувам да го повикате членот од ДИК од СДСМ да каже кој гласач два пати го остварил избирачкото право.

-Викате тие луѓе што оделе од „шарената револуција“ не оделе бадијала. Има луѓе да што ве поддржуваат, но има голем број на хулигани кои што верувајте навистина не одат за бадијала, туку одат за дебело платени финансиски средства на нивните конта за кои видовме колку пари имале земено од СОРОС. Тие се тие кои не се плашат да сквернават ниту културни обележја нити ништо.Не знам зошто сте сега изнервирани сега бидејќи ја усвоивме оставката на кочничарите на проекти Ременски и Оливер Спасовски.

Во однос на медиумите, видовме пред неколку дена како Ременски се заканува на новинари, видовме вашиот колега Петре Шилегов како му се закануваше на еден уредник на медиум и вашиот лидер Заев кажа дека најголем непријател му се медиумите. Затоа кога зборувате за медиумите и реформите погледнете си во сопствениот двор, а подоцна да коментирате, подвлече Рангелова.

Најчитани вести