Македонија,Политика

Рангелова: Заев му доделил тендери вредни 20 милиони денари на сопругот на Иванова

Рангелова: Заев му доделил тендери вредни 20 милиони денари на сопругот на Иванова

Зоран Заев дал тендери во вредност од 20.111.810 денари на фирмата на сопругот на Цветанка Иванова, тврди Даниела Рангелова од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција.

„Очигледно, Зоран Заев освен на фирмите од неговото семејство и неговите бизнис партнери, во повеќе наврати, јавни набавки со вкупна вредност од 20.111.810 денари доделил и на фирмата ДИКОР во сопственост на сопругот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова, Димчо Иванов. Од нив, на фирмата ДИКОР, преку склучување на 42 договори за јавни набавки со Општина Струмциа и биле доделени 14.567.077 денари, додека пак, со склучување на 6 договори за јавни набавки со Јавното Претпријатие Комуналец, на фирмата ДИКОР и биле доделени уште 5.544.733 денари. За Зоран Заев, очигледно други фирми во Струмица освен оние во сопственост на семејството Заеви и нивните бизнис партнери, како и да не постоеле. Речиси сите фирми од кланот Заеви имаат добивано јавни набавки од Општина Струмица и нејзините институции“, вели Рангелова.

Според Рангелова, овој случај претставува „класичен пример за искористување на позицијата градоначалник на општина Струмица, исклучиво само за лично и семејно богатење.“