Раниери доби клоца од Монако

Вадим Василиевас, потпретседателот на францускиот прволигаш Монако, потврди дека клубот пред неколку часа и официјално ја прекинал соработката со италијанскиот стручњак, Клаудио Раниери.

„Можам да ја потврдам информацијата дека Клаудио Раниери нема да биде тренер на Монако во новата клупска сезона. Сакам јавно да му се заблагодарам на Раниери за се тоа што го постигна како тренер на Монако. Станува збор за многу тешка одлука. Не е лесно прво да бидеш тренер на тим кој се натпреварува во француската Втора лига, потоа со истиот да обезбедиш пласман во најквалитетното домашно натпреварување, а потоа и да се пласираш во групната фаза од Лигата на шампиони. Сепак, Монако има потреба од нова динамика’, изјави Василиевас.

На испразнетото тренерско столче, најверојатно ќе седне досегашниот предводник на португалскиот прволигаш Спортинг од Лисабон, Леонардо Јардим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.