Раниери е новиот селектор на Грција

Познатиот италијански стручњак, Клаудио Раниери и официјално е именуван за нов селектот на фудбалската репрезентација на Грција.

Сега веќе поранешниот предводник на францускиот гигант Монако го потпиша понудениот 2-годишен договор кој сигурно ќе биде продолжен за уште две години доколку репрезентацијата на Грција обезбеди пласман на престојното Европско првенство во 2016 година.

Во својата кариера Раниери ги предводеше тимовите на Каљари, Фиорентина, Наполи, Атлетико Мадрид, Валенсија, Челзи, Парма, Јувентус, Рома и Интер. Најголем успех оствари со Валенсија 1999-та година кога го освои Купот на кралот, а една година порано Интертото купот. Во 2004-та година со истиот им го освои Суперкупот на Европа.