Раниери е убеден дека ќе остане тренер на Монако

Предводникот на моментално второпласираниот тим во француската Прва лига, Монако, Клаудио Раниери откри дека во следните неколку дена ќе има состанок со клупските челници и дека на истиот ќе бидат решени сите дилеми околу неговата иднина на “Луи Втори”.

За разлика од некои медиуми кои се убедени дека ќе има прекин на соработката, познатиот италијански стручњак е убеден дека уште неколку сезони ќе биде тренер на Монако.

„Мислам дека оваа недела ќе имам состанок со клупските челници. Веќе и математички ја обезбедивме втората позиција на табелата, обезбедивме директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Работите од сега ќе се движат многу брзо, не очекувам некој долг состанок. Има само една точна информација, јас ќе бидам тренер на Монако и во новата клупска сезона. Тој план е веќе дефиниран”, изјави Раниери.