Ранокија како позајмен во дресот на Галатасарај

Унал Аисал, претседателот на актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, потврди дека повремениот репрезентативец на Италија и фудбалер на Интер, Андреа Ранокија ќе биде последната зимска аквизиција на гигантот од Истанбул.

„Пред неколку часа имав состанок со нашиот тренер Роберто Манчини. Италијанскиот стручњак ме информираше дека сака да ангажираме уште еден дефанзивец и по можност тоа да биде фудбалерот на Интер, Андреа Ранокија. Веднаш стапив во контакт со челниците на Интер и можам да кажам дека веќе преговараме. Ќе се обидам да најдам зеднички јазик со моите колеги, а ако не се случи нешто непредвидливо во следните неколку часа, Ранокија во следните шест месеци ќе игра за Галатасарај како позајмен фудбалер”, изјави Аисал.