Раониќ го победи Федерер во финалето на Бризбејн

Раониќ го победи Федерер во финалето на Бризбејн
Раониќ го победи Федерер во финалето на Бризбејн
Канадскиот тенисер Милош Раониќ триумфираше на турнирот во Бризбејн откако во финалето го совлада Рожер Федерер со 2:0 во сетови. Двата сета Раониќ ги доби со 6:4 во гемови за 87 минути.

Раониќ стигна до седмата титула во својата кариера, а прва по септември минатата година кога победи во Санкт Петербург.