Раониќ се избори за полуфинале на Мастерсот

Раониќ

Тој ја постигна втората победа во групата „Иван Лендл“ совладувајќи го својот ривал со 7:6 (7:5) и 6:3 во сетови.

Во првиот меч од 3.коло од групата Новак Ѓоковиќ гопобеди Давид Гофин со 6:1 и 6:2 во сетови и со тоа го потврди првото место во групата.

Во групата „Џон Мекинро“ денеска се играат последните два меча: Енди Мареј – Стан Вавринка (почеток во 15 часот) и Кеи Нишикори – Марин Чилиќ (почеток во 21 часот).

Табела група „Џон Мекинро“: Мареј 2-0 (победи-порази), Кеи Нишикори 1-1, Стан Вавринка 1-1, Марин Чилиќ 0-2.