Раониќ го откажа учеството на Ролан Гарос

По Јанко Типсаревиќ, и канадскиот тенисер Милош Раониќ го откажа учеството на Ролан Гарос затоа што сѐ уште нема заздравено од операцијата на стапалото.

Тој пред извесен период беше на операција поради повреда и нема да може да настапи на турнирот на кој лани играше во четврт-финалето.

“Навистина сум тажен затоа што морам да се повлечам од Ролан Гарос. Пробав да играм, но не можам затоа што сѐ уште немам заздравено од операцијата. Ќе се подготвувам за турнирите на трева”, изјави Раониќ.

На последниот Ролан Гарос, во четврт-финалето Раониќ загуби од Новак Ѓоковиќ.