Раперот-џихадист Денис Касперт убиен во Сирија

Познатиот германски рапер, Денис Касперт, кој неодамна се појави на една видео-снимка на терористичката група Исламска држава, е убиен при воздушен американски напад во Сирија, потврди висок претставник на САД.

Касперт е роден во Берлин и беше познат рапер под името „Десо Дог”, но неговото внимание се пренасочи кон милитантниот ислам. Во 2010 година се приклучил кон движењето Селафит, а во 2012 замина за Египет а потоа за Сирија, каде го примил исламот и го добил иметот Абу Талха ал Алмани. Тој е убиен на 16 октомври, при нападите во Рака, заедно со уште две други лица.

На видео кое циркулираше неодмана тој се гледа како во рака држи отсечена човечка глава, која, како што тврдел, е на човек кој и се спротивставил на ИД.

Владата на САД, која познатиот рапер, во февруари го стави во листата на терористи, тврди дека негова задача била да регрутира милитанти за ИД, фокусирајќи се на оние кои говорат германски јазик.