Македонија

Расцеп во штипското СДСМ

Расцеп во штипското СДСМ

Расцеп во штипското СДСМ. Во штипската општинска органзиација 4 дошло до посериозна кавга, а повеќемесечното незадоволство и тензија деновиве ексалирале со вербална расправија помеѓу раководството на штипските социјалдемократи кое завршило со закани за физички пресметки, пишува порталот Журнал.нет, повикувајќи се на сопствени непотврдени информации.

Како што наведува порталот, првичното незадоволство настанало откако Зоран Заев наметнал во Штип персонално решение за претседател на општинската организација кој бил доживуван како пиун и тројански коњ на Заев и човек кој не е омилен меѓу штипјани. Од друга страна Заев претседателот на СДСМ Штип Владимир Милошев го користел како административен глас во партијата и формален чувар на општинската организација.

Тоа предизвикало акутно незадоволство кај постарите членови на СДСМ кои барале поинаква свежина на партијата, а не пиуни кои слепо ќе ги извршуваат задачите од централата и партијата ја носат во изолација. Ниту еден конструктивен предлог ниту идеја не била прифатена од актуелното раководство на СДСМ Штип поради што повеќемина членови сметаат дека тоа придонесува за директно рушење на рејтингот на партијата. Нивните зборови кои допреа до нас се дека Заев како да свесно сака да ја уништи партијата и освен негови бизнис пријатели и ортаци никој друг не може да просперира, пишува порталот.

Во текстот, понатаму се наведува, дека кулминацијата била достигната пред неколку дена на партиски состанок кога членовите на СДСМ Штип видно револтирани побарале оставка од претседателот на огранокот Милошев.

Претседателот Милошев на присутните им рекол дека  Заев го поставил и само тој може да го разреши, и нема никаква обврска да им одговора на членовите кои, според него, биле подбуцнувани од претходниот претседател на СДСМ Здравко Коцев.

Тоа ја дозагреало атмосферата при што присутните на состанокот испратиле серија обвинувања и до штипското но и до централното раководство на Штип.

Не е партијата на Заев, таа е на социјалдемократите. Од фотелјите во партијата во Скопје поинаку се гледа сликата на целата ситуација, Заев не игнорира и реди безгласни пиуни во партијата, свесно не носи во нов пораз и ние нема да тонеме со него, биле дел од коментарите на состанокот.

На крај надвладеал разумот откако претседателот Милошев ги убедил дека се чека пристигнувањеи посета на Заев на Штип при што им ветил на членството дека ќе се разговара за актуелните внатрепартиски проблеми.

Но, по посетата на Заев во Штип работите станале полоши. При посетата на првиот човек на партијата  бил евидентен искучително слабиот одзив на штипските социјадемократи при што во последен момент било избегнато вистинско фијаско и со автомобили биле носени членови од соседните села до Штип за да присуствуваат на посетите.

Милошев сакал проблемите да ги стави под тепих, а Заев вооптшо не ни сакал да ги отвори како теми во внатре партиските прашања. Незадоволните членови практично биле арогантно одбиени да дискутираат на таа тема, а Заев единствено рекол дека нема време да се занимава со такви работи што било дополнителна навреда за незадоволното членство.

Порталот за крај, повикувајќи се на информациите кои стасале до нив, пишува дека не се избегнува екслаирање на ситуацијата и членството да си ја превземе работата во свои раце и да направи насилен упад и одземање на печатите на партијата.